popova-shapka-panorama-600
about-us_01-3

Само еден час од главниот град

Се шири снежна белина и го одзема здивот. Ски-центарот Попова Шапка нуди адреналин и бегство од урбаната џунгла. Ова е вистинската дестинација за сите кои обожаваат авантури на надморска височина од 1710 метри и ски патеки кои го креваат адреналинот со 20 м/сек. Две жичарници и 6 ски-лифтови, три редовни ски-патеки според FIS, патеката за Super G – Cerepasina, патеките за велеслалом и слалом гарантираат задоволување на секој вкус за авантура.

Ако ви треба повеќе забава и предизвик, можете да потрошите дополнителна енергија во дискотеката на хотелот или да уживате во ноќното скијање, подигајќи го адреналинот на сосема ново ниво. Љубителите на алпското скијање можат да бидат сведоци на најстарата манифестација на Балканот, Купот на Шар Планина во слалом и велеслалом кој се одржува секој февруари.

Огреана во сонце, Попова Шапка ветува добро поминато време во секоја сезона.

Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.

06-popova-shapka-500
about-us_01-3

Ски центар Попова Шапка Тетово, располага со два хотела

За оние кои повеќе преферираат летни авантури, ова е вистинската дестинација за летен одмор, планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг.

Ски центар Попова Шапка, располага со два хотела “Попова Шапка” и “Славија” кои се наоѓаат на 1707 и 1780 м. надморска височина. Скијачкиот центар Попова Шапка е поврзан со локален асфалтен пат од Тетово во должина од 18 км. кој во редовно се одржува.

Хотелите Славија и Попова Шапка се одличен избор за сите оние кои сакаат да поминат денови исполнети со сонце, чист воздух, спортување и забава. Нашите капацитети гарантираат прекрасен и удобен одмор помеѓу миговите исполнети со активности.

Хотел Славија

Хотел СЛАВИЈА е хотел од “Б” категорија и располага со 33 соби (двекреветни, трикреветни и четирикреветни) и 6 апартмани. Сите соби се со сопствена бања.

Хотелот располага со ресторан, тераса со поглед кон терените за скијање, сала за состаници, аператив бар, ТВ сала, продавница, сервис за изнајмување на ски опрема, билијард клуб, пинг-понг клуб, забавни игри, покриен базен и др.

  • +389 44 361 030
  • +389 44 361 122
hotel-slavija
about-us_01-3
popova-shapka-hotel
about-us_01-3

Хотел ПОПОВА ШАПКА

Хотел ПОПОВА ШАПКА е хотел од “Б” категорија, се наоѓа покрај самите скијачки терени и располага со 53 соби (двекреветни, трикреветни и четирикреветни). Сите соби се со сопствена бања.

Вкупниот капацитет е 190 гости. Хотелот располага со ресторан, аператив бар, ТВ сала, диско клуб, продавница, сервис за изнајмување на ски опрема, билијард, пинг-понг клуб, забавни игри и др.

  • +389 44 361 108
  • +389 44 361 020

Информации за компанијата

НазивДруштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА ДООЕЛ Тетово
Правна формаДруштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ)
ДејностХотели и слични објекти за сместување
ЕДБMK4028022549479
Матичен број7644108
Жиро сметка000270076441080165
Депонент банкаХалк Банка АД Скопје
Адресаул. Мурат Бафтијари бб, 1200 Тетово

Извор: Управа за јавни приходи (ujp.gov.mk)

Have Questions? Call Us +389 / 44 / 330 464